Safiye Karabacak
21 Март 2017•Ажурирај: 22 Март 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници на Западниот Брег уапсија 12 Палестинци, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинците се уапсени поради делување во терористички активности против војници и цивили.
Апсењата се чести во областа Ез-Захирије и Дуре, во јужниот дел на Западниот Брег, како и во бегалскиот камп „Џенин“ и во местата Aназа и Бени Хасан, во северниот дел на Западниот Брег.
Припадниците на безбедносните сили често вршат упади во домовите на Палестинците од Западниот Брег и во Источен Ерусалим, и ги приведуваат поради разни причини.