Ekipa
02 Октомври 2017•Ажурирај: 03 Октомври 2017
РАМАЛА (АА) - Израелските војници приведоа двајца репортери на телевизијата „Al-Aksa“ (Ал-Акса) на Западниот Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изјавите на сведокот, израелските војници извршиле упад во бегалскиот камп „Аруб“ во Хеброн и го привеле новинарот Ал-Тити, вработен на каналот „Al-Aksa“, кој припаѓа на Хамас.
Камерман на истата телевизија, Емир Ебу Арам, беше приведен од страна на војниците во куќа во Рамала.
Израелскиот суд минатата недела им изрече парична казна на двајца вработени на „Al-Aksa“ и им забрани да работат на подрачјето на Западниот Брег во период од една година.
Телевизијата „Al-Aksa“ ги емитува своите содржини од Појасот Газа.