Anees Suheil Barghouti
11 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските сили, во рациите спроведени во текот на ноќта на Западниот Брег, уапсија 20 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Здружението на палестински затвореници се вели дека 15 лица биле уапсени во рации низ градовите Тубас, Тулкарем и Наблус, на северниот Западен Брег.
„Во Рамала се притворени 5 Палестинци“, се додава во соопштението.
Израелската Армија сѐ уште не издаде соопштение во врска со апсењата.
Израелските сили често спроведуваат операции за апсење низ Западниот Брег и приведуваат Палестинци под различни обвинувања.
Според палестинските извори, над 6.500 Палестинци се наоѓаат во израелските затвори, а меѓу нив се и 6 члена на Парламентот, 52 жени и 270 малолетници.