Ali Cura
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
КИЕВ (АА) – Патници од украински патнички автобус во градот Лутск, во близина на границата со Полска, се земени како заложници од страна на едно вооружено лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите во украинските медиуми вооружено лице во градот запрел автобус и земал во заложништво 20 патници.
Лицето, чиј идентитет не е откриен, во порака на својот профил на социјалните мрежи тврди дека има автоматско оружје и бомби.
На местото на настанот се слушале истрели од пиштол, а на снимките се гледа дека некои прозорци од автобусот се искршени.
На местото на настанот преземени се строги безбедносни мерки. Полицијата соопшти дека вооруженото лице имало психичко нарушување.
Украинскиот претседател Владимир Зеленски истакна дека тој лично ја следи ситуацијата и дека безбедносните сили започнале со операција.