Aydoğan Kalabalık
21 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Две лица, од кои едно дете, се повредени во експлозија на мина поставена од руската безбедносна компанија „Вагнер“, чии припадници се борат во редовите на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили во источна Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На официјалниот Фејсбук профил на операцијата „Вулкан на гневот“ на либиската Армија се истакнува:
„Две лица, од кои едно дете, се повредени при експлозија на мина поставена од руските платеници на „Вагнер“ кои се борат во редовите на Калифа Хафтар, пред да избегаат од Триполи.“
Се наведува дека експлозијата се случила во подрачјето на Каср бин Гашир на југот на главниот град, додека детални информации за состојбата на повредените не се дадени.
На прес-конференцијата на 13 јули, портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Стефан Дужарик, рече дека 52 лица загинале, а 96 се повредени од експлозиви и мини во Триполи.
Либиската Армија на 22 мај соопшти дека милицијата на Хафтар пред да избега од Триполи поставила мини и експлозивни направи во населените места.