свет, Коронавирус

Иран: Десетпати зголемен бројот на заразени со коронавирусот меѓу децата со аутизам

„За време на првиот бран бројот на случаи беше мал кај децата со аутизам. Но, со доаѓањето на вториот бран, бројот на заразени меѓу овие деца се зголеми во целата земја“

Mustafa Melih Ahıshalı  | 21.07.2020 - Обновена : 21.07.2020
Иран: Десетпати зголемен бројот на заразени со коронавирусот меѓу децата со аутизам

ТЕХРАН (АА) - Во Иран десетпати е зголемен бројот на случаи на коронавирусот меѓу децата со аутизам, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Саедех Салех Гафари, претседателка на Здружението за помош на лица со аутизам во Иран, за иранската новинска агенција ИРНА изјави дека Иран веќе е погоден од вториот бран на пандемијата, напоменувајќи дека дошле до податокот дека за десетпати е зголемен бројот на заразени со коронавиусот меѓу децата со аутизам.

„За време на првиот бран бројот на случаи беше мал кај децата со аутизам. Но, со доаѓањето на вториот бран, бројот на заразени меѓу овие деца се зголеми во целата земја“, рече Гафари.

Истакна дека новонастанатите околности дополнително ги зголемиле проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата со деца со аутизам во таа земја.

„Оваа ситуација е особено тешка за семејствата со деца со аутизам на кои им потребен постојан надзор. А голем проблем е и што некои Здравествени домови не ги прифаќаат овие деца“, рече Гафари.

Напомена дека минатиот месец само во Техеран регистрирани се 35 деца со аутизам на кои им е дијагностициран Ковид-19.

Поради зголемениот број заразени граѓани некои покраини во Иран се прогласени за „црвени зони“.

Во земјата од почетокот на пандемијата се евидентирани 276.202 случаи на Ковид-19, вклучувајќи ги и 14.405 смртни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın