Adam Abu-bashal
02 Ноември 2022•Ажурирај: 02 Ноември 2022
АБУЏА (АА) - Деветнаесет лица ги загубија животите, а 27 се повредени во сообраќајка на два автобуса во централниот регион на Гана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, два патнички автобуса се судриле на патот кој ги поврзува градот Екумфи во централниот регион на земјата и главниот град Акра.
Во несреќата загинаа 19 лица, а повредени се 27.
Официјални претставници информираа дека состојбата на некои од повредените е сериозна и изразија загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.