Şerife Çetin
12 Март 2019•Ажурирај: 13 Март 2019
БРИСЕЛ (АА) - Истражувањето реализирано од страна на европски научници, објавено во научното списание „Јуропиан харт џурнал“ („European Heart Journal“), покажа дека загадениот воздух секоја година зема 8,8 милиони животи во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Истражувањето покажува дека бројот на смртните случаи предизвикани од загадениот воздух е поголем од смртните случаи предизвикани од пушење. Според Светската здравствена организација, во 2015 година 7,2 милиони лица починале поради пушењето“, истакна проф. д-р Томас Мунзел, еден од научниците дел од ова истражување.
Истражувачите открија дека загадениот воздух е причина за рана смрт кај 800.000 лица низ Европа, и дека оваа состојба просечниот животен век го намалува за две години.
Тие велат дека загадениот воздух првин влијае врз дробовите и предизвикува болести на срцето, при што се зголемува стапката на смртните случаи.
Истражувачите привлекуваат внимание на тоа дека фосилните горива треба да се менуваат со извори на обновлива енергија, и тврдат дека на овој начин може да се намали влијанието на загадениот воздух врз животниот век.