свет

Жените во Саудиска Арабија можат да возат автомобил

По неколкудецениската забрана, на сила стапи одлуката со која на жените им се дозволува да возат автомобил

Ekipa  | 24.06.2018 - Обновена : 25.06.2018
Жените во Саудиска Арабија можат да возат автомобил

Riyad

РИЈАД (АА) - Само неколку часа откако стапи на сила одлуката со која на жените во Саудиска Арабија им се дозволува да седат зад воланот, Саудијките почнаа да возат, јавува Anadolu Agency (AA).

По неколкудецениската забрана, од полноќ е на сила одлуката со која на жените им се дозволува да возат автомобил.

Телевизиските канали „Ихбарије“ (Ihbariyye) и „Ал Арабија“ (Al Arabiya) емитуваа снимки на кои може да се види како жените возат веќе во првите часови откако одлуката стапи на сила.

Саудискиот крал Селман бин Абдулазиз ал Сауд во септември минатата година соопшти дека жените во оваа земја ќе можат да возат од 24 јуни.

Во земјата, неколкупати од 1990 година беа организирани кампањи за да им се овозможи на жените да возат.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın