Жена смртно избодена во најфреквентна област на Лондон
- На местото на настанот, заедно со екипа на Лондонската служба за брза помош, полицијата ја затекнала жената со тешки убодни повреди
ЛОНДОН (АА) – Педесетгодишна жена е нападната со остар предмет во најфреквентната област во северозападниот дел на Лондон, соопшти локалната полиција, пренесува Анадолу.
Според соопштението, полицајците биле повикани околу 16 часот по локално време во саботата, по дојава за напад со нож на Паунд Лејн, во Вилсден.
На местото на настанот, заедно со екипа на Лондонската служба за брза помош, полицијата ја затекнала жената со тешки убодни повреди.
„И покрај напорите на итната служба, за жал, била констатирана смрт на местото на нападот,” според соопштението.
Веста за несреќата полицијата им ја соопштила на најблиските на жртвата, кои веднаш добиле поддршка од стручни лица.
„Подоцна вечерта е уапсен 30-годишен маж под сомнение за убиство,” соопшти полицијата и додаде дека тој останува во притвор во полициската станица во Лондон.
Според соопштението на полицијата, се верува дека осомничениот и жртвата се познавале.
„Несреќата се случила во најфреквентниот дел на Вилсден”, изјави главната инспекторка Ребека Вудсфорд.
Таа посочи дека врз основа на досегашните полициски истраги ништо не укажува на поширок ризик за јавноста.
Инспекторката додаде дека станува збор за изолиран инцидент и дека не постојат информации што укажуваат на загрозување на безбедноста на пошироката јавност.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
