Ebru Şengül
05 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Целта на Европската Унија (ЕУ) е четвртина од сите средства да бидат потрошени со цел исполнување на климатските цели за периодот меѓу 2021 и 2027 година, изјави денес комесарот за климатски промени и енергија, Мигуел Ариас Канете, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Европската комисија (ЕК) го претстави својот буџет за периодот меѓу 2021 до 2027 година во почетокот на мај“, нагласи Канете за време на говорот на отворањето на Неделата за одржлива енергија 2018, под покровителство на ЕУ. Канете изјави дека ќе го зголеми буџетот за транзиција на „чисти“ енергии.
„Тоа е буџет наменет за постигнување на модерна, нискојаглеродна економија, која ќе ја постави ЕУ како глобален предводник во чистите енергии“, додаде Канете.
Комесарот за климатски промени и енергија напомена дека сепак, буџетот на ЕУ претставува само дел од непходната инвестиција за транзиција на „чисти“ енергетски извори, имајќи предвид дека поголемиот дел од овие инвестиции мораат да дојдат од другите јавни фондови, а посебно од приватниот сектор.
Најновите податоци покажуваат дека износот на финансирање од вкупно 61,5 милијарди евра е одобрен во рамките на Европскиот фонд за стратешки вложувања (EFSI) за проекти кои поддржуваат чисти енергетски извори на енергетика.