свет

ЕУ со големи напори во потрагата по нови лидери

Во тек се тешки преговори за претседателствување со Европската комисија, функција од висок профил, каде што разликата во мислењата меѓу големите европски земји Германија и Франција...

Fatih Hafız Mehmet  | 25.06.2019 - Обновена : 26.06.2019
ЕУ со големи напори во потрагата по нови лидери

БРИСЕЛ (АА) - Само еден месец по изборите за Европскиот парламент, процесот за избор на лидери за европските институции е проследен со потешкотии , јавува Anadolu Agency (AA).

Во тек се тешки преговори за претседателствување со Европската комисија, функција од висок профил, каде што разликата во мислењата меѓу големите европски земји Германија и Франција го прави процесот потежок.

Мандатот на актуелниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, завршува на 31 октомври. Неговиот наследник треба да биде избран со квалификуваноо мнозинство (најмалку 21 од 28 земји членки на ЕУ), како и од страна на мнозинството на Европскиот парламент.

Мандатот на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, завршува на 30 ноември и новиот претседател мора да биде избран од страна на квалификувано мнозинство од земјите членки на ЕУ.

За да се изврши замена на високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, чиј мандат истекува на 31 октомври, ЕУ исто така треба да добие квалификувано мнозинство на гласови од Европскиот совет.

Мандатот на претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, завршува во јули. Новиот претседател се избира на секои две и пол години со мнозинство пратеници.

Мандатот на Марио Драги како претседател на Европската централна банка треба да заврши на 31 октомври, а новиот претседател ќе биде избран на осум години со квалификувано мнозинство од Советот на ЕУ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın