свет

ЕУ разочарана од потегот на Русија кон источна Украина

Европската Унија истакнува дека руската уредба за „поедноставени трговски мерки“ го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

Ata Ufuk Şeker  | 24.11.2021 - Обновена : 24.11.2021
ЕУ разочарана од потегот на Русија кон источна Украина

БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) соопшти дека чекорот за економска интеграција на Русија кон истокот на Украина е дочекан со жалење и дека тоа го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Службата за надворешни односи на ЕУ (EEAS) се потсетува дека рускиот претседател Владимир Путин на 15 ноември потпиша указ со кој се предвидува производите произведени во регионите Донбас и Луганск, кои се под контрола на сепаратистите во источна Украина, да имаат еквивалентен статус со руските производи на рускиот пазар.

Во соопштението се истакнува дека руската уредба за „поедноставени трговски мерки“ го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.

Посочувајќи дека указот има за цел дополнително да ги одвои регионите Донбас и Луганск од Украина, спротивно на целите на Договорот од Минск, во соопштението се додава дека ЕУ жали за одлуката на Русија.

Исто така, во соопштението се истакнува дека ЕУ ја повика Русија да ја повлече споменатата одлука и да стави крај на едностраните практики насочени кон дополнително влошување на конфликтот во источна Украина.

Според указот, производите од регионите Донетск и Луганск ќе имаат еквивалентен статус со руските производи на рускиот пазар.

Ограничувањата на извозот и увозот во однос на количеството нема да се применуваат за стоки што се транспортираат меѓу Русија и овие региони.

Со друг указ потпишан од Путин во 2018 година, одлучено е различни документи како што се извод за родени да се прифаќаат како пасоши, за луѓето кои живеат во регионот Донбас во Русија.

-Кризата во Донбас -

Во Киев, главниот град на Украина, на 21 ноември 2013 година започнаа демонстрации откако претседателот Виктор Јанукович не го потпиша Договорот за асоцијација со Европската Унија (ЕУ).

Претседателот Јанукович ја напушти земјата во февруари 2014 година, откако демонстрациите се интензивираа. Потоа проруските сепаратисти ја прогласија својата таканаречена независност во градовите Доњецк и Луганск во источниот дел на земјата.

Во судирите меѓу сепаратистите и Владата во Киев од 2014 година досега, животот го загубија над 13.000 лица.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.