Şerife Çetin
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Урсула фон дер Лејен, претседателката на Европската комисија (ЕК), потврди дека е формирана интервентна група за борба против коронавирусот Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фон дер Лејен во Брисел изјави дека одблизу ги следи случувањата во врска со коронавирусот, откако стана тема и во Европската Унија.
Претседателката на ЕК наведе дека Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), прогласи високо ниво на ризик поради ширењето на коронавирусот, откако се прошири во повеќето земји членки на ЕУ.
Таа потврди дека како одговор на коронавирусот е формирана интервентна група за борба против овој вирус.
Фон дер Лејен изјави дека тимот ќе дејствува во областите медицина, транспорт и економија.
Тимот ќе се фокусира на теми како размена на информации, истражување и развој, и подобрување во областа на медицината, а фокусот ќе биде и на прашањата како препораки за патување и транспорт во подрачјето на шенгенскиот простор.