Cüneyt Karadağ
02 Март 2020•Ажурирај: 03 Март 2020
БЕРЛИН (АА) - Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зихофер, не се ракуваше со премиерката Ангела Меркел поради коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Меркел, која влезе во салата во која се одржуваше состанокот, го зазеде своето место без да се ракува со никого.
Сепак, Меркел, ја подаде раката кон министерот за внатрешни работи, Зихофер, кој седеше до неа на состанокот и не возврати на подадената рака на Меркел. Зихофер рече: „Не, не“, а канцеларката Меркел пак, насмевнувајќи се, одговори: „Навистина те разбирам.“
Наместо да се ракува, Анет Видман-Мауз, германската министерка за интеграција, Зихофер го поздрави со двете раце, потпирајќи ги на градите и потоа седна на своето место.