Ömer Tuğrul Çam
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
БРИСЕЛ (АА) - Комисијата на Европската Унија (ЕУ) исплати 3,5 милијарди евра поддршка на земјите членки кои примија украински бегалци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од Европската комисија е наведено дека финансиската помош е издвоена од буџетот на ЕУ за интеграција на бегалците во Европа.
Финансиската помош е обезбедена за помош на украинските бегалци во обезбедувањето храна, сместување, здравствена заштита, образование и вработување.
Досега најголемиот дел е исплатен на Полска - 562 милиони евра.
Следуваат Италија со 452 милиони евра, Романија со 450 милиони, Шпанија со 434 милиони, Унгарија со 299 милиони, Чешка со 283 милиони и Словачка со 209 милиони евра.