Cüneyt Karadağ
28 Април 2022•Ажурирај: 29 Април 2022
БЕРЛИН (АА) - Во германскиот Бундестаг прифатен е предлогот за испорака на тешко оружје во Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Предлогот даден од Социјалдемократската партија (SPD), Зелените и Слободната демократска партија (FDP), кои ја формираат Владата, го поддржаа и Партиите за христијанско единство (ЦДУ/ЦСУ).
Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија и Левицата гласаа против предлогот.
Предлогот со наслов „Брани го мирот и слободата во Европа“ беше прифатен со 586 гласа „за“ и 100 гласа „против“, додека 7 пратеници беа воздржани.
Одобрениот предлог ѝ овозможува на Владата да испорачува тешко оружје и различни системи за оружје во Украина.
Но сепак, пратката на оружје ќе се оценува во тесна соработка со членките на НАТО.
Диетмар Барч, претседател на Парламентарната група на Левата партија, кој гласаше „не“ за резолуцијата, предупреди на ризикот од нуклеарна војна како последица на испораките на оружје за Украина.