свет

Бајден потпиша одлука за помош на Украина од 40 милијарди долари

- Во рамките на пакетот за помош, чија цел е поддршка на Украина, до септември САД ќе обезбедат 20 милијарди долари воена помош

Mehmet Alaca  | 21.05.2022 - Обновена : 22.05.2022
Бајден потпиша одлука за помош на Украина од 40 милијарди долари

СЕУЛ (АА) - Продолжувајќи ја азиската турнеја, претседателот на САД, Џо Бајден, потпиша одлука за пакет помош за Украина од 40 милијарди долари, известува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на пакетот за помош, чија цел е поддршка на Украина, до септември САД ќе обезбедат 20 милијарди долари воена помош.

САД на Украина ќе ѝ дадат 8 милијарди долари за општа економска поддршка, 5 милијарди за помош во храна во екот на глобалниот недостаток на храна, што би можел да биде последица од колапсот на земјоделието во земјата и милијарда долари за помош на бегалците.

Американскиот Сенат на 19 мај го одобри пакетот помош од 33 милијарди долари што Бајден го побара за Украина, а Претставничкиот дом го зголеми на 40 милијарди.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın