Cüneyt Karadağ
22 Март 2021•Ажурирај: 23 Март 2021
БЕРЛИН
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, истакна дека од Европската Унија (ЕУ) не ќе можат да испратат вакцини против Ковид-19 во сиромашните земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата за германската медиумска групација „Функе“ („Funke“), Урсула фон дер Лејен, во однос на испраќањето вакцини во сиромашните земји од страна на ЕУ, рече: „Постои голем притисок од земјите членки самите да ги земат вакцините.“
Подвлекувајќи ја финансиската поддршка што ја дава ЕУ за меѓународната програма за глобален пристап за вакцини против Ковид-19 (Ковакс), што обезбедува пристап до вакцините во сиромашните земји, Лејен нагласи: „Механизмот на ЕУ за споделување на вакцината со други земји ќе започне тогаш кога ќе имаме подобро производство.“
ЕУ досега нарача околу 2,6 милијарди дози вакцини од водечките производители на вакцини против Ковид-19, но заклучно со средината на март, доставени се околу 70 милиони дози вакцини во сите 27 земји членки на ЕУ.