Dilara Hamit
22 Март 2021•Ажурирај: 22 Март 2021
АНКАРА
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ќе присуствува на состанокот на министри за надворешни работи на НАТО, што треба да се одржи во Брисел на 23 и 24 март, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението издадено од Министерството за надворешни работи на Турција се вели дека за време на состаноците се очекува Чавушоглу и неговите колеги да разменат мислења за подготовките на Самитот на лидерите 2021 година, како и за процесот на рефлексија на процесот НАТО 2030 година, насочен кон зајакнување на политичката улога на Алијансата.
„Исто така, се очекува да ги проценат случувањата поврзани со безбедноста на евроатлантскиот регион и другите прашања од агендата на НАТО. По повод состанокот, министерот Чавушоглу ќе одржи билатерални средби со неговите колеги“, се додава во соопштението.