Şerife Çetin
12 Септември 2019•Ажурирај: 13 Септември 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) донесе одлука да го продолжи за шест месеци времетраењето на мерките за ограничување против Русија, со образложение дека ја дестабилизира Украина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Европскиот совет соопшти дека е донесена одлука до 15 март 2020 година да се продолжи времетраењето на мерките за ограничување кон Русија, бидејќи се заканува на територијалниот интегритет, сувереноста и слободата на Украина.
Според овие санкции, бројот на лицата против кои се спроведува забрана за патување и чиј имот е замрзнат, се искачи на 170 лица, а на компании се искачи на 44.
Во рамки на овие санкции, 28 земји членки на ЕУ не ќе можат да ѝ продаваат оружје на Русија и се ограничува Русија да купува одредена технологија која ќе се користи во секторот за нафта и гас.
Исто така, руските државни банки се исклучуваат од финансискиот сектор во Европа. Санкциите кои вклучуваат ограничувања, особено во трговијата и инвестициите, се обновуваат на секои шест месеци.
Русија во март 2014 година на илегален начин ги анектираше Крим и Севастопол.
По руската анексија на Крим и настаните во источниот дел на Украина, ЕУ, САД и некои други земји почнаа да спроведуваат санкции против Русија.
ЕУ за првпат во 2014 година донесе одлука за воведување економски санкции против Русија.