Ata Ufuk Şeker
20 Јуни 2019•Ажурирај: 22 Јуни 2019
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за уште една година да се продолжат санкциите спроведувани против Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение на Европскиот совет, до 23 јуни 2020 година се продолжени мерките за ограничување кои ЕУ ги спроведува против Русија поради илегалната анексија на Крим и Севастопол.
Според тоа, со овие продолжени санкции се ограничуваат активностите на државјаните и компаниите на ЕУ во Крим и Севастопол.
ЕУ не дозволува увоз на производи од Крим и Севастопол. Државјаните или компаниите на ЕУ не можат да купат недвижности во овие две места, не може да им нудат финансиски услуги на компаниите во Крим и Савастопол. Европските туристички бродови не можат да ги посетат пристаништата во овие две места, освен во итни состојби.
Во Крим не може да се извезуваат некои стоки и технологии кои би ги користеле во различни области како транспорт, телекомуникација и енергетика. Особено се спречува овозможување на технологии во истражување, екстракција и производство на нафта, природен гас и руди.
Русија во март 2014 година на илегален начин ги анектираше Крим и Севастопол.
По руската анексија на Крим и настаните во источниот дел на Украина, ЕУ, САД и некои земји почнаа да спроведуваат санкции против Русија.