Yusuf Hatip
22 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) упати критики до Израел за откажувањето на правото за престој на Омер Шакир, одговорниот на набљудувачката организација за човекови права во Израел и одговорен за Палестина, со барање да се откаже таквата одлука, јавува Anadolu Agency (AA).
Сервисот за надворешни односи на ЕУ објави дека од Израел е побарано откажување на одлуката со која од одговорниот на Канцеларијата на „Хјуман рајтс воч“ (Human Rights Watch) се бара во рок од 14 дена да ја напушти земјата.
Министерството за внатрешни работи на Израел му ја откажа дозволата за престој на Омер Шакир, одговорниот на „Хјуман рајтс воч“ за Палестина и Израел, давајќи му рок од две недели да го напушти Израел.
Израел ја откажа дозволата за престој на Шакир, кој е американски државјанин од ирачко потекло, обвинувајќи го за „активности против Израел“.
Иан Левин, заменик-директор на програмата на „Хјуман рајтс воч“ изјави дека ова е првпат да се соочуваат со една ваква ситуација во Израел. „Овој настан е само еден пример на зголемена нетолеранција од страна на Израел, кој во последно време е против евиденција на критиките за човековите права во таа земја“, образложи Левин.
Раководството од Тел Авив минатата година го одби барањето за работен престој на Шакир, но по критиките упатени од страна на американската администрација, во април 2017 година му беше даден едногодишен престој.