Şerife Çetin
30 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) го осуди неодамнешниот терористички напад кој го извршија терористите на ПКК/ЈПГ во Африн, северозападна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од канцеларијата на високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, без да се именува кој е сторителот, се реагираше на терористичкиот нападот извршен со цистерна за гориво натоварена со експлозивен материјал во центарот на Африн.
Се наведува дека во терористичкиот напад загинале најмалку 40 лица, меѓу кои и деца. Исто така пренесено е и сочувството на Европската Унија (ЕУ).
„Не може да има оправдување за ужасниот терористички напад во подрачјето на Африн во Сирија. Треба да одговараат тие што го извршија“, се истакнува во соопштението на ЕУ.
Меѓу другото се повторува повикот на специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Геир Педерсен за прекин на огнот на територијата на целата земја.
Исто така се подвлекува дека единствената опција за стабилност во Сирија е политичкиот процес воден под покровителство на ОН.
Во терористичкиот напад, кој беше извршен во центарот на Африн со цистерна за гориво натоварена со експлозивен материјал од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК, загинаа 40 лица, од кои 11 деца, а повредени беа 47 лица.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК во подрачјето на Азаз, Ал Баб и Џарабулус често организира напади со цел да ја наруши мирната атмосфера создадена преку операциите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“, кои Турција ги спроведе заедно со Слободната сириска војска.