Enes Canlı
30 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА (АА) - Ахмед ал-Мисмари, портпарол на вооружената група именувана како Либиска национална армија, поврзана со водачот на илегалните вооружени сили на истокот на Либија Калифа Хафтар, истакна дека прогласиле едностран прекин на огнот за време на месецот Рамазан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Мисмари на прес-конференција соопшти дека одговарајќи на меѓународните повици во текот на месецот Рамазан прогласиле едностран прекин на огнот.
Истакнувајќи дека го задржуваат правото да одговорат на кој било воен чекор, Мисмари рече дека не се откажале од своите воени цели во земјата.
Неколку часови пред изјавата на Мисмари, во ракетен напад извршен од милицијата поврзана со Хафтар, загина 1 здравствен работник, а 6 службеници беа повредени.