свет

ЕУ ги менува правилата заради проширување кон Западен Балкан

- Може да се оцени дека основна цел на новиот план за проширување на Комисијата на ЕУ е да се убеди Франција која во октомври минатата година беше против започнувањето на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

Şerife Çetin  | 08.02.2020 - Обновена : 09.02.2020
ЕУ ги менува правилата заради проширување кон Западен Балкан

БРИСЕЛ

- Шерифе ЧЕТИН


Европската Унија (ЕУ) се подготвува да направи некои измени во своите правила за проширување на Унијата кон Западен Балкан и започнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија бидејќи тие не беа започнати поради приговорот даден од страна на Франција, пишува Агенција Анадолија (АА).

Новата стратегија на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан ја презентираше Унгарецот Оливер Вархелји, член на Комисијата за проширување на ЕУ. Новата иницијатива Вархелји ја претстави со наслов „Главна цел на предлогот за проширување е да се претстави нова ЕУ-перспектива за земјите од Западен Балкан“.

Доколку новиот план за проширување на Комисијата на ЕУ биде одобрен од земјите членки, во тој случај овој план нема да важи само за актуелните земји со кои треба да се започнат преговорите за членство, туку тој ќе важи и за идните земји кандидати.


- Се истакнува владеењето на правото

Највпечатлива карактеристика во новиот план за проширување на ЕУ е што најголемиот акцент е ставен на владеењето на правото.

Вархелји за земјите од Западен Балкан истакна дека е „потребно преземање посериозни чекори кои ќе влеваат доверба по прашањето за владеењето на правото“.

Во контекст на владеењето на правото на кое се инсистира во новиот план, Вархелји истакна дека е потребно поголемо фокусирање кон основните слободи, укажувајќи дека истовремено од голема важност по тоа прашање е демократското работење на институциите, како што е јавната администрација.


- Шест главни теми во поглавјата

Давањето значење на владеењето на правото во исто време се одслика и врз измени за периодот на отворањето на поглавјата. Планот предлага преговорите да се водат во шест главни поглавја.

Во тие рамки, земјите кандидати, откако планот ќе стапи во сила, ќе спроведуваат преговори на шест главни теми, а тоа се „Клучни елементи“, „Внатрешен пазар“, „Конкуренција“, „Сеопфатен раст“, „Зелена агенда“, „Одржлива поврзаност“, „Ресурси, земјоделство и адаптација“ и „Надворешни односи“.

Поглавјето „Клучни елементи“, кое ги опфаќа владеењето на правото и основните слободи, ќе биде отворено прво, а ќе биде затворено последно. Периодот на отворање-затворање на поглавјата е намален, при што целта е целиот процес да заврши во текот на една година.

Од друга страна, со новиот план се предвидува повторно отворање на затворените поглавја, доколку кај земјите кандидати во исто време се забележи какво било уназадување на кое било поле.

Доколку земјата кандидат на полето на владеењето на правото забележи сериозно назадување, тогаш постои можност за „стопирање, суспендирање или прекинување“ на периодот на преговори, а со тоа ќе постои можност и за суспензија или прекин на некои програми, како што е пристапот до фондовите на ЕУ.


- Процесот ќе се политизира

Новиот план во исто време периодот на проширување ќе го направи повеќе „политички“.

Иако засега не се споделени деталите како тој ќе се спроведе во пракса, земјите членки на ЕУ ќе имаат поактивна улога во периодот на преговори.

Во тој контекст, ќе се организираат поголем број самити и состаноци на високо ниво со земјите кандидати. Во исто време земјите членки ќе бидат повеќе вклучени во спроведувањето на реформите на земјите кандидати.


- Ќе биде обезбеден „предвидлив“ процес

Од друга страна, ЕУ со новиот план на земјите кандидати им ветува обезбедување на „попредвидлив“ процес.

Покрај тоа што планот на ЕУ има за цел на еден поотворен начин да ги претстави нејзините очекувања од земјите членки, тој во исто време има за цел позитивниот или негативниот одговор како резултат од исполнувањето или неисполнувањето на овие очекувања, на кандидатите да го презентира на многу поотворен начин.


- Новиот план нема да важи за започнатите процеси

Колку и да е планот на Комисијата на ЕУ во меѓународните медиуми лансиран како со коренски измени, потврдено е дека овие измени нема да влијаат врз земјите коишто во моментов ги имаат започнато преговорите за членство.

Вархелји за имплементирањето на новите правила за земјите кандидати со кои се водат преговори, истакна „Новите правила нема да важат за Турција, Србија и Црна Гора. Не може правилата на играта да ги смените во текот на играта.“


- Дали Франција ќе биде убедена?

Може да се оцени дека основна цел на новиот план за проширување на Комисијата на ЕУ е да се убеди Франција која во октомври минатата година беше против започнувањето на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и со Албанија.

Заедно со Франција, и Данска и Холандија беа против започнуваањето на преговорите со гореспоменатите две земји.

Подоцна, Франција, со цел да ја отстрани пречката за проширувањето, побара одредени измени во процесот.

Се смета дека истакнувањето на владеењето на правото и поголемото учество на земјите членки како дел од новиот план во процесот на преговорите се вметнати со цел да ѝ се удоволи на Франција. 

Зад кулисите во Брисел се смета дека доколку Франција биде убедена, тогаш и Данска и Холандија ќе го сменат својот став против проширувањето.

Иако Франција го поздрави новиот план како „значителна промена и позитивен развој“, сепак не даде никаков сигнал дали ќе даде позитивен одговор, или повторно ќе го блокира започнувањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија.


- Интересот на ЕУ за Западен Балкан не познава граници

Комисијата на ЕУ очекува земјите членки да го изгласаат новиот план пред планираниот Самит за Западен Балкан во мај годинава и на тој начин се очекува што поскоро започнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

Со новиот план, со започнуваањето на преговорите со гореспоменатите две земји, во исто време се очекува активирање на иницијативата за инвестициски и економски развој.

Може да се види дека новиот план со големо задоволство го примија Северна Македонија и Албанија, земји кои му придаваат големо значење на членството во ЕУ.

Можно е да се забележи дека ЕУ, освен сопствените интереси за Западен Балкан, се обидува да ги блокира сите останати моќни сили.

ЕУ, која сака да го ограничи руското влијание на Западен Балкан, во исто време сака да излезе пред Турција, која има историска, географска, стратегиска близина и интензивни односи со земјите од Западен Балкан. На сличен начин интензивните активности на Кина во регионов се причина поради која ЕУ се сврте кон балканските земји.

Засегнативе мотивации укажуваат на важноста која ѝ се дава на проширувањето на Унијата кон Западен Балкан, при што самата ЕУ е принудена да си поигрува со правилата на стратегијата за проширување кои се стриктно утврдени со критериумите наведени во Договорот на ЕУ и Копенхашките критериуми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.