Sümeyye Dilara Dinçer
30 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
ХОНОЛУЛУ (АА) - Вулканот Килауеа повторно еруптира на Големиот Остров на Хавајскиот Архипелаг, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS) соопшти дека ерупцијата се случила на кратерот Калемаумау, а на снимките се гледа како исфрла лава и големи количества вулкански пепел.
Во соопштението се наведува дека ерупцијата не ги загрозува населените места и дека лавата останала во границите на Националниот парк „Хавајски вулкани“.
Надлежните власти, сепак, го предупредија населението на можни последици од ширење на вулканскиот пепел.
Килауеа е еден од најактивните вулкани на светот со чести ерупции од 1983 година.