Ruslan Rehimov
08 Јануари 2022•Ажурирај: 09 Јануари 2022
Единиците при ерменската Војска отворија оган врз азербејџанските позиции на границата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на Азербејџан.
Се нагласува дека позициите во подрачјето на Келбеџер биле цел на огнот отворен со оружја од голем калибар од ерменските позиции во селото Горна Шорџа, во подрачјето на Басаргечер.
Во соопштението се вели дека азербејџанската Војска возвратила на овој чекор, по што бил прекинат отворениот оган од другата страна.
Според соопштението, азербејџанските единици ја имаат под своја контрола состојбата во регионот, а нема жртви меѓу азербејџанските војници.