Muhammet Nazım Taşcı
08 Јануари 2022•Ажурирај: 09 Јануари 2022
Во пакистанскиот град Муре од студ починаа 21 лице што биле заглавени во своите возила поради интензивните врнежи од снег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на локалните медиуми, градот Муре, што се наоѓа на далечина од 70 километри од пакистанскиот главен град Исламабад, како и подрачјето на Галијат, од синоќа биле зафатени од интензивни врнежи од снег.
Во Муре од студ починаа 21 лице што биле заглавени во своите возила.
Меѓу починатите се наоѓаат и еден полицаец и неговата сопруга и 5-те деца.
Меѓу другото, градот Муре е прогласен за зона на катастрофа.