İdiris Okuduci
08 Октомври 2020•Ажурирај: 08 Октомври 2020
БЕРДЕ
Ерменската војска погоди ресторан и куќи во градот Берде во Азербејџан, при што се повредени 6 цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Проектилите лансирани од страна на ерменските сили кон градот Берде во Нагорно Карабах кој го окупираа, паднаа врз еден ресторан и две куќи во близина.
Како резултат на паѓањето на повеќе од два проектила во дворот на овој ресторан, повредени се 4 лица, од кои двајца се во тешка состојба.
Исто така, проектили паднаа и во близина на две куќи, при што се повредени 2 цивила.
Во ракетните напади на Ерменија врз цивилните населени места, настана голема штета во ресторанот и во куќите. Како резултат на овој напад, две паркирани возила се во неупотреблива состојба.
Инаку, во нападите на Ерменија загинаа над 30 цивили.