Ruslan Rehimov
01 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Војската на Ерменија која продолжува со напади врз цивилните населени места во Азербајџан, ги таргетира и новинарите кои работат во регионот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Откако минофрлачка граната падна во непосредна близина на цивилното населено место каде што екипите на АА и ТРТ снимаа на 27 септември кога за првпат започнаа судирите, многу претставници на медиумите се најдоа во ситуации опасни по живот.
Во рамки на нападите врз различни места во последните пет дена, мунициите на ерменската војска паднаа во зони каде што работеа медиумските работници на различни телевизии и новински агенции како АРБ ТВ (ARB TV), „Хазар ТВ“ (Hazar TV), „Иктимаи ТВ“ (İctimai TV), СПЕЈС ТВ (SPACE TV), АТВ (ATV), БАКУ ТВ (BAKU TV), АЗЕРТАК (AZERTAC), новинската агенција АПА (APA) и новинската агенција „Туран“ (Turan).
Новинарите кои во некои ситуации се спасија во последен момент, продолжуваат со извршување на нивната работа под тешки услови.