свет, Коронавирус

Во Германија нови 2.503 заразени со коронавирусот, починаа 12 лица

Од почетокот на пандемијата во Германија заразени со коронавирусот се 291.122 лица. Оздравеа 257.900 заболени.

Cüneyt Karadağ  | 01.10.2020 - Обновена : 01.10.2020
Во Германија нови 2.503 заразени со коронавирусот, починаа 12 лица

БЕРЛИН (АА) - Во последните 24 часа во Германија потврдени се 2.503 нови случаи на коронавирусот, соопшти Институтот „Роберт Кох“, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Во истиот период починале 12 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 9.500. Од почетокот на пандемијата во Германија заразени со коронавирусот се 291.122 лица. Оздравеа 257.900 заболени.

Германија како ризични зони ги прогласи Белгија и Исланд, поради зголемување на бројот на заразени.

Оние кои доаѓаат од ризичните подрачја, доколку не се тестирани за присуство на коронавирусот или немаат негативен резултат, мора да минат 14 дена во карантин.

Властите го советуваа населението, доколку е можно, да не патува во подрачјата со зголемен ризик за заразување со коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın