Hakan Çopur
25 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
ЊУЈОРК (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган се состана со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на 73 заседавање на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).
Средбата на двајцата претседатели е одржана помеѓу обраќањата на Генералното собрание на ОН.
Фахретин Алтун, шеф за односи со јавноста во Кабинетот на турскиот претседател, на Твитер профилот напиша дека Ердоган и Трамп се состанале надвор од салата на Генералното собрание.
Додаде дека двајцата претседатели имале искрена и кратка средба.
На средбата присуствувале и првата дама на Турција, Емине Ердоган и сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп.
Тема на овогодинешното заседавање на Генералното собрание е ОН да се направат релевантни за сите луѓе: глобално лидерство и заедничка одговорност за мирно, праведо и одржливо општество.