Ekip
25 Јули 2017•Ажурирај: 25 Јули 2017
АНКАРА (AA) – Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара изјави дека џамијата Ал-Акса е трета по значење за целиот исламски свет, јавува Anadolu Agency (AA).
„Нашите предци со векови, со големо внимание се грижеле за неа, а ние сега бараме само да се почитуваат правата на Палестинците, сите нивни права, во потполност“, рече Ердоган.
Претседателот Ердоган најостро го осуди постапувањето на Израел во врска со џамијата Ал-Акса во Ерусалим.
„Му реков и на израелскиот претседател. Ние нема да толерираме муслиманите кои одат на молитва во Ал-Акса да бидат третирани како терористи“, порача претседателот на Турција.
Тој порача дека причината за тоа што израелските војници лесно ја пролеваат крвта на муслиманите во дворот на џамијата Ал-Акса, „е бидејќи сите заедно недоволно се грижиме за Ерусалим“.