Adem Şalvarcıoğlu
25 Јули 2017•Ажурирај: 26 Јули 2017
ЏАКАРТА (АА) - Големиот број возила на улиците, како и неколкучасовните сообраќајни метежи во Џакарта, главниот град на Индонезија кој има неколку милиони жители, се причината зошто сѐ повеќе луѓе ја избираат бajajата како превозно средство, јавува Anadolu Agency (AA).
Недостатокот на патишта и инфраструктура предизвикува сериозни проблеми во сообраќајот, па поради тоа се популарни возилата „бajajа“, такси возила на три тркала.
Наместо вообичаениот автобус или такси возило, жителите на Џакарта ги избираат бајајите особено во периодот на голем сообраќаен метеж.
Во возилото нема таксиметар, а цената се определува според дестинацијата.
Покрај тоа, за овие возила не постојат стојалишта, па возачите на бајаја ги паркираат своите возила покрај патот и нудат цена на превозот, а патувањето започнува по договорот со клиентот.
Предноста на овие возила е во тоа што во случај на сообраќаен метеж, постои можност со нив да се вози и по тротоарот.
Халис Мани 15 години вози бajajа, а во разговорот за АА рече дека на овој начин го прехранува своето семејство.
„Месечно заработувам околу 300 американски долари. Клиентите најчесто ги наоѓаме во најголемите сообраќајни метежи. Ние сме најдобриот избор за транспорт во тоа време“, вели Мани.