İlkay Güder
25 Јануари 2018•Ажурирај: 25 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, разговараа за последните случувања во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на турскиот претседател соопштија дека двајцата лидери размениле ставови за операцијата „Маслинова гранка“, која турските сили ја започнаа против терористичките организации во подрачјето на Африн, Сирија.
За време на разговорот, Ердоган рече дека операцијата е важна во однос на националната безбедност на Турција, за политичкото единство и територијалниот интегритет на Сирија, како и за мирот и безбедноста во регионот.
Турскиот претседател истакна дека во операцијата се дава важност и хуманитарна димензија, додавајќи дека се преземени сите неопходни мерки за заштита на цивилите.
Катарскиот емир Ал Тани истакна дека неговата земја е покрај Турција во борбата против терористичките организации.
Ердоган и Ал Тани ја нагласија одлучноста во развивањето на билатералните односи во сите области.