Ali H. M.Abo Rezeg
15 Ноември 2018•Ажурирај: 16 Ноември 2018
РАМАЛА (AA) - Претседателот на Палестина Махмуд Абас и претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган разговараа телефонски, јавува Anadolu Agency (AA).
Според наводите на палестинската новинска агенција WAFA, двајцата претседатели разговараа за последните случувања во Газа.
Ердоган најостро ги осуди неодамнешните напади на Израел врз Газа.
Турскиот претседател изрази подготвеност неговата земја да продолжи со поддршката на народот на Газа и ранетите Палестинци да ги префрли на лекување во Турција.
Абас изрази благодарност на Ердоган за како што рече, „непоколебливата поддршка на Турција на палестинскиот народ и нивната борба".
Потсетуваме, палестинските групи на 13 ноември соопштија дека е постигнат прекин на огнот во Газа. Во израелските напади од понеделник загинаа седум, а ранети се 25 Палестинци. Во возвратен оган на палестинските групи загина еден, а ранети се повеќе од 50 Израелци.