Büşra Selvi Öğütcen
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Од почетокот на април оваа година досега, најмалку 167 лица ги загубија животите поради ектремно високи температури кои ја зафатија индиската покраина Телангана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Дневникот „HindustanTimes", повикувајќи се на официјални лица одговорни за кризната ситуација во Телангани, објави текст во кој пишува дека во последниот период смртно настрадале 167 лица, поради температурите кои во регионот преминуваат 40 степени.
Во текстот се наведува дека температурата во подрачјата на Бадрачалам, Рамагундам и Налгонда достигнаа рекордни 46 степени целзиусови.
Метеоролозите најавија дека бранот на екстремно високи етмператури во Телангани ќе сезадржи во во наредните неколку денови.