Ramazan Turgut
20 Мај 2017•Ажурирај: 21 Мај 2017
РИЈАД (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска во Саудиска Арабија ја започна својата прва посета во странство, која ќе трае два дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз го пречека Трамп во воената база Кралот Салман во Ријад. Трамп потоа, со неговата сопруга Меланија Трамп, се упатија према палатата Јемаме каде што се одржаа билатерални средби.
Во палатата Јемаме се одржа церемонија за добредојде на американската делегација, а во таа прилика се интонираа националните химни на двете земји. Трамп во кралската палата беше одликуван со медал на кралот Абдулазиз, инаку најголемо граѓанско признание во Саудиска Арабија, а му беше доделена поради напорите за зајакнување на безбедноста и стабилноста во регионот и во целиот свет.
Церемонијата на одликување на Трамп, покрај бројните претставници на Белата куќа, присуствуваа и сопругата на Трамп и неговата ќерка. По билатералните средби, Трамп утре во Ријад треба да присуствува на Самитот на земјите од САД и од Персискиот залив, и на самитот на САД и исламските земји.