Büşra Selvi Öğütcen
06 Декември 2020•Ажурирај: 07 Декември 2020
АНКАРА
Во индискиот најголем град Мумбај експлодираше плинска боца во еден апартман. Од експлозијата се повредени 20 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Индиските медиуми објавија дека според информациите добиени од претставниците на Oпштина Бриханмумбај, во јужниот дел на Мумбај, во подрачјето Лалбауг, во утринските часови избувнал мал пожар во еден од апартманите.
Претставниците на власта информираа дека пожарот предизвикал експлозија на плинската боца во кујната.
Во веста се наведува дека благодарение на големиот број противпожарни екипи што пристигнале на местото на несреќата, за околу 1 час пожарот е изгаснат, додавајќи дека од експлозијата се повредени најмалку 20 лица.
Повредените се префрлени во две локални болници на лекување.