Gülşen Topçu
28 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
ГАЗА (АА) - Министерството за внатрешни работи на оваа земја писмено соопшти дека тројца полицајци смртно настрадале, а тројца се повредени во експлозиите што се случија во две одделни полициски контролни точки во западниот дел на Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во ова соопштение се нагласува дека информациите во врска со сторителите ќе бидат објавени подоцна, а се наведува дека сторителите нема да останат неказнети.
Според соопштението, Израел и неговите агенти на различни начини се обидуваат да зададат удар врз безбедноста и стабилноста во Газа, а безбедносните сили неутрализирале бројни планови во оваа насока.
Се упатува апел до целиот палестински народ и до сите палестински групи да ги осудат сторителите на овој акт, и да се обединат против лицата што сакаат да ја нарушат безбедноста.