Sinan Doğan
07 Септември 2023•Ажурирај: 08 Септември 2023
БОГОТА (АА) - Во северниот дел на јужноамериканската држава Еквадор шест лица извршиле напад на една куќа. Во обид да избегаат со возило од местото на нападот, во возилото експлодирала рачната бомба што напаѓачите заборавиле да ја фрлат. Од експлозијата на бомбата животот го загубиле четворица од напаѓачите, јавува Анадолу.
Двајца од напаѓачите се повредени.
Во Санто Доминго де лос Колорадос, административен центар на еквадорската покраина Санто Доминго, шест лица извршиле напад на куќа. При бегството од местото на нападот напаѓачите заборавиле да ја фрлат рачната бомба, која експлодирала во возилото.
Од детонацијата на бомбата загинале четворица од напаѓачите, а двајца се потешко повредени.
На снимката од безбедносните камери се гледа како вооружени лица пукаат во една куќа и потоа влегуваат во автомобил, но по неколку поминати метри автомобилот експлодирал.
Во вестите објавени во еквадорските медиуми се наведува дека инцидентот се случил на 4 септември.