Ekipa
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
КАИРО (АА) - Двајца египетски полицајци загинаа во експлозија на бомба поставена покрај патот доцна синоќа на Синајскиот Полуостров, јавува Anadolu Agency (AA).
Во денешното соопштение, Министерството за внатрешни работи на земјата соопшти дека направата погодила полициски конвој во градот Ариш, северен Синај.
Во соопштението се додава дека во нападот се повредени деветмина полицајци.
Досега никој нема преземено одговорност за нападот, кој се случи еден ден откако во самоубиствен бомбашки напад загинаа 25 војници, во северниот дел на Синајскиот Полуостров.
Синајскиот Полуостров остана епицентар на нападите од средината на 2013 година, кога Мухамед Морси, првиот демократски избран египетски претседател, беше соборен преку воен пуч.