Çağrı Koşak
13 Ноември 2021•Ажурирај: 14 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку три лица починаа, а 450 се повредени од убод на скорпии во Египет, јавува Агенција Анадолија (АА).
Силно невреме ја погоди покраината Асуан во јужен Египет.
Како резултат на тоа, во регионот се забележани поплави и песочни бури, а скорпии усмртија голем број жители на регионот.
„Како резултат на убод од скорпија синоќа починаа три лица, а 450 се повредени“, изјави заменик-министерот за здравство Ихаб Ханефи.
Констатирано е дека поплавите и песочните бури негативно се одразиле врз животот во регионот.
Некои куќи се уништени, а дојде и до прекин на електричната енергија.
Се смета дека скорпиите што живеат во планинските подрачја дошле до населените места поради поплавите и песочните бури.