свет

Египет: При потонување на 2 рибарски брода починаа 7 лица

- Во езерото Мареотис (Мариут), во близина на египетскиот град Александрија, потонаа 2 рибарски брода. Според првичните информации, во оваа несреќа животот го загубија 7 лица

Aydoğan Kalabalık  | 23.02.2021 - Обновена : 25.02.2021
Египет: При потонување на 2 рибарски брода починаа 7 лица

КАИРО

Во езерото Мареотис (Мариут), во близина на египетскиот град Александрија, потонаа 2 рибарски брода. Според првичните информации, во оваа несреќа животот го загубија 7 лица, известува Агенција Анадолија (АА).

Во писменото соопштение на полицијата на Александрија се наведува дека два брода кои пренесувале 17 членови од исто семејство, меѓу кои имало и деца, потонале во водите на езерото Мареотис. Досега полицијата извлекла седум безживотни тела од водите на езерото.

Во соопштението се вели дека на местото на несреќата се испратени голем број амбулантни возила и спасувачки екипи, додавајќи дека и двата брода обично биле користени од страна на бедуините за вечера. Полицијата наведува дека двата брода потонале при враќање од еден мал остров.

Спасувачките екипи продолжуваат со пребарувањето на езерото.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın