Nilay Kar
23 Септември 2019•Ажурирај: 24 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Над 350 лица се приведени низ Египет во најновиот бран демонстрации против египетскиот претседател Абделфетах ал Сиси, според невладината организација со седиште во Каиро, пренесува Anadolu Agency (AA).
Преку соопштение, египетската Комисија за права и слободи (ECRF) истакна дека 356 лица се уапсени откако започнаа протестите во петокот.
„Махинур ел Масри, египетски активист и адвокат за човекови права, како и новинари и студенти, се меѓу приведените“, се вели во соопштението.
Стотици демонстранти во петокот излегоа на улиците во центарот на Каиро и неколку градови на протести против Ал Сиси, поранешниот генерал на Армијата, кој дојде на власт во 2014 година, откако го собори демократски избраниот претседател Мухамед Морси.
Протестите се како резултат на повиците кон Сиси да се повлече, упатени од страна на Мухамед Али, поранешен испорачател на опрема за Армијата, кој ги обвини Ал Сиси и војската за корупција.