свет

Ердоган телефонски разговараше со Трамп

Во телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Трамп, било разговарано за билатералните односи меѓу двете земји

Ferdi Türkten  | 22.09.2019 - Обновена : 23.09.2019
Ердоган телефонски разговараше со Трамп

ЊУЈОРК (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).

Одделот за комуникации при турското Претседателство преку писмено соопштение потврди дека двајцата претседатели оствариле телефонски разговор.

Во ова соопштение се нагласува дека во телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Трамп, кој води изборна кампања за претседателските избори во во САД, било разговарано за билатералните односи меѓу двете земји.

Исто така, се истканува дека Ердоган и Трамп во телефонскиот разговор се осврнале и на регионални теми.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.