Havva Kara Aydın
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
БРИСЕЛ (АА) - Челникот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, соопшти дека ќе се одржи мултилатерална конференција за намалување на тензиите во Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи за новинарите во врска со односите меѓу Турција и ЕУ и најновиот развој на настаните во Источниот Медитеран, Шарлс Мишел истакна дека претстојниот самит што треба да се одржи со шефовите на земјите членки на ЕУ ќе биде на 24 и 25 септември.
„За време на состанокот, лидерите ќе разговараат за политиките кон Турција, како да ги подобрат односите, за границите на ексклузивната економска зона во Источниот Медитеран, за енергетиката, безбедноста и миграциите“, додаде тој.
Мишел, исто така, предложи и одржување мултилатерална конференција за намалување на тензиите во Источниот Медитеран, сугерирајќи дека на состанокот може да учествуваат и засегнатите страни и НАТО.
Нагласувајќи дека Турција и Грција се исто така информирани за конференцијата, Мишел смета дека тоа е најдобриот начин за намалување на тензиите во регионот и за отворање канал за дијалог.
Грција ги оспори моменталните активности на Турција за истражување на енергетските ресурси во Источниот Медитеран, обидувајќи се да ја ограничи поморската територија на Турција.
Турција, земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот, испрати бродови за истражување на енергетските ресуси во рамките на нејзиниот континентален гребен, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) имаат права во регионот.
„Дијалогот за правично споделување на овие ресурси ќе биде вин-вин опција за сите страни“, велат турските претставници.