Sinan Doğan,Emel Gözellik
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 1.089 лица, во Бразил 888, а во Мексико 522, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека како последица на вирусот во изминатото деноноќие починале уште 1.089 лица, со што вкупниот број на починати од овој вирус се искачи на 69.561.
Вкупната бројка на дијагностицирани случаи порасна на 4.023.179, со зголемување од 78.761 во последните 24 часа.
Досега во Индија од Ковид-19 оздравеа 3.107.223 лица заразени со коронавирусот.
- Бразил -
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 888 лицa во последните 24 часа, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 125.502 лицa.
Во Бразил дијагностицирани се 50.163 новозаразени, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи на коронавирусот порасна на 4.091.801.
Бројот на оздравени лица од овој вирус во земјата изнесува 3.278.243.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од коронавирусот починале уште 522 лица.
Вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 63.819.
Во Мексико во последното деноноќие откриени се 6.196 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на вирусот во земјата се искачи на 623.090.
Досега во Мексико оздравеа 434.667 лица заразени со Ковид-19.