Ömer Tuğrul Çam
08 Февруари 2021•Ажурирај: 08 Февруари 2021
БРИСЕЛ
Европската унија (ЕУ) ќе одржи меѓународна конференција на тема „Поддршка на Сирија и иднината на регионот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Комисијата на ЕУ, се наведува дека петтиот состанок на „Бриселска конференција“ ќе се одржи на 29 и 30 март, преку видео-конференција поради мерките преземени против епидемијата од коронавирус (Ковид-19).
Потсетувајќи дека поминаа 10 години од почетокот на антирежимските демонстрации во Сирија, во соопштението се наведува дека конфликтот во земјата продолжува.
Меѓу другото, во соопштението на Комисијата на ЕУ се додава дека поради епидемијата и економските проблеми хуманитарната состојба е полна со тешкотии, и во Сирија и во земјите од регионот кој се домаќини на Сиријците.
Исто така се забележува дека конференцијата претставува можност за поддршка на напорите на Обединетите нации за политичко решение на кризата, а исто така и можност меѓународната заедница финансиски да им помага на земјите домаќини на Сиријците.